Секој патник го знае ова! Најлошото чувство е кога пристигнувате на долгопосакуваната дестинација (некоја од добро рекламираните атракции), само за да откриете дека нешто не е како што сте очекувале. Замислете го разочарувањето кога нешто изгледа спротивно од она што сте го виделе на сликите.
Доколку верувате во истражувањето објавено од страна на Дејли Мејл, главниот кривец за ова разочарување е Америка. (Секако фотографијата на насловн од Париз е трик). Замислете, Америка, апсолутен победник на листата со „здодевни“ атракции со осум од десетте први места низ светот.
Анализата е направена врз основа на 66,7 милиони прегледи на Google на 3 290 популарни туристички атракции и резултаот е шокантен. Иако можеби се очекуваше некои од најголемите светски атракции да бидат во Европа или Азија, американските атракции доминираат на списокот.
Туристите, изгледа дека не се многу воодушевени. За пример, Scenic Railway од Мисури ја носи почесната титула на „најнепопуларната“ атракција во светот.
И што вели рецензијата? Додека некои го фалат, други се жалат! А, кога станува збор за Атланта, нивната Илуминариум Атракција, не ги задоволува очекувањата за 144 долари, како што рече еден рецензент.
Не е сè загубено! Иако тие можеби не ги задоволуваат сите вкусови, секоја од нив претставува посебно патување низ времето. Често се создаваат несекојдневни и значајни искуства за патниците.