Се претера изгледа со туристичкиО хаос во државите, па така мештаните уљандисани, си донесоја закони и казни. Навидум апсурдни, али ко ќе размислиш имат право. Во случај да шетните наваму – натаму, прочитајте шо не смејте да прајте во овие места. Фала Богу, ако ви „крепи“ џебО, тогаш друга е работата.
Сардинија – Сицијианците лани се изнервираја за песокта и така ги забранија крпите на плажа. Казните за ова работа: „500 до 3 500 евра!“
Венеција – В канали нема капење! – Се изнервираја итаЉанците! И не само то, ами се уљандисаја и за скејтбордите и скутрерите во центарот на градО. Фала Богу и за тО се донесе забрана. Трце – врце ќе праеле тие со моториштата. Ко ќе виш можи во право се. Кај туристите, збеснати, гужви прат, уште овие да брмчат и да се претерват.
Португалија – Нема лабаво и во Португалија. Се забрани музиката на плажите преку преносни звучници. Кизнеј олку се имат уљандисано, па казните скокат и до 36 000 евра.
Хвар, Хрватска – Епа шо е ногу ногу е. Можи во право се и во Хрватска. Донесоја закон за задолжително носење на купачи по нивите плажи. А оти до сеа голи се шетаја? Ц ц ц Ако имате 600 евра за казна и ептен саклми ве фаќат по спидото, терајте шо да ви речиме.
Севиљо, Шпанија – Ко сме кај голотијата, изглеа и кај шпанците вриеше. Секој ко шо сака се облеквал, на ништо да не личи, кој миничи, кој циркузанти, деколтеа, шо муабет. Така, тензично беше и во Севиљо и пардон, ама се забрани несоодветно облекување во јавност. Се казнуват и овие шо преку аутфитот промовират некој вулгарен егзибиционизам.
Портофино, Италија – Ја претераја со то селфињата и во Портофино. Не мој туку – така кај шо ќе му текни да се сликат. Пример на сред улица застанале и пет сати се пресликват. Е нема лабаво во Италија бате, казни фрчат корнат ако изигравате блогерки.
Атина, Грција – Очигледно ја претераја со штиклесо жеништата во Атина. Штрака штруке цело време. Затоа се донесе забрана за високи потпетици. А богами ја претерале и со ѓубришта, па си следат казни и за то. Гуми за џвакање, па не иди во обзир, така да пазете ако се најдите таму со понашањето. Макар шо, убо знајме дека барем ние ко народ, на други место знајме „педантерии“ да бидиме. Туку тука шо да прајме? Чаре?