Вечерва, 29.06.2023 со почеток во 20 часот, светски познатата Марија Жоао од Португалија, веројатно најдобрата и најталентирана пејачка на денешнината, со ОГРЕ електрик кватрет, ќе го затворат овогодинешното издание на Битола Шекспир Фестивал.
Од Народниот Театар Битола, информираат дека како гости ќе настапат, нашиот актер Огнен Дранговски, Славчо Јовев на тапани и музичари од камерниот оркестар од Битола под водство на маестро Владимир Димовски.
Ова ќе биде навистина сензационална вечер која ќе стави финиш на брендираниот фестивал кој го слави делото и уметноста на маестралниот драмски автор Шекспир.