Битола има нешто што е многу силно. Скопјани треба да учат од битолчани и обратно. Треба да се надоградуваме и да растеме заедно – Парафразирајќи го Трифун Костовски, звучно и познато име за македонската јавност, го најавуваме најновото видео на Мими YUGO. Имено во Југото, сe повози и познатиот македонски стопанственик, дарител и поранешен градоначалник на Град Скопје (2005-2009).
Трифун Костовски во YUGO раскажуваше колку го сака овој град. Колку е вљубен во оваа наша конзулска Битола и колку тоа наше битолско кафе на Широк Сокак е секогаш долгоочекувано.
Како да го подигнеме убавото, да го направиме уште поубаво? Како да гледаме пзоитивно на животот, на реалноста. Со други зборови како да му дадеме боја на животот? Костовски зборува и за културата, за уметноста на Битола. Што кога би имал шанса да биде градоначаник на нашиот град? „Битолчани не смеат да ги стават под тепих оние работи по кои се најпознати. Културата, уметноста…Наместо тоа, ми пречи што на Широк Сокак имате две казина. Врата им се оптвара сама и имате чувство како да влегувате во некоја зандана. “ – ќе истакне во YUGO Трифун Костовски
Со восхит Трифун Костовски брилира преку елоквентен пристап. Неминовно е искуството за да човек знае, умее. Да знаеш што сакаш, значи дека пред тоа си знаел што било она што прeчело. Трифун Kостовски умешно ги истакна своите размислувања околу одредени општествени проблеми, опсесивниот пристап и понекогаш погрешните чекори и девијантното користење на човечката слобода. Дали ние како народ ја злоупотребуваме слободата на начин кој не познава граници, би се запрашале после муабетот во YUGO?
Да не должиме многу, погледнете го видеото и најновата емисија на Мими. Уште еднаш, вo YUGO – Трифун Костовски. Уживајте во разговорот.