И така од ко се пречекаја ,,политичариве” со локум и кафе битолско, на пајтон се повозија низ градот и ја презентираа нивната агенда.,, Ќе” биде,,, ќе” не биде си велиме, али то е. Изгледа само остануваме на,,ќе”. Инаку зборуваме за Мими и неговата автентична најава на новиот гостин. Бојан Велевски во YUGO.
,,Не е се во парите, има нешто и во еврата.” Така си почнаја лабав муабет и Бојан се отвори во Yugo. Не само на пајтон, ами и на коњ има јавано секако за потребите на улога во филм. Е сега кај ојдоја парите од филмот… Па нека живеј државата де.
Инаку Велевски е познат македонски актер и стенд-ап комичар кој долги години ја освојува нашата, а и балканската сцена. Нема кој не го знае ,,Наше маало” и ,,Големи и мали”, па од тогаш Велевски е
добро познатото име во театарскиот и филмскиот свет. Сега е дел од емисијата Yugo. Мими си знај шо чоечиња одбира во југцето, а со режијата околу најавите, се појќе не изненадва. Шо се однесва до стенд-ап настапите на Бојан, тој за нив ќе забележи дека можеби е време за малку политички ангажиран хумор кој што постои и надвор од рамките на сето она што до сега било. Нивните настапи, заедно со нашиот Марјан Георгиевски навистина супер поминаа низ градовите во Македонија. А како и да не… На луѓето навистина им е потребен хумор, забава и нешто кое ќе ги извлечи од секојдневието и рутината.
,,Моето телевизиско и филмско портфолио е богато. Мене ми фали театарското… ” – ќе забележи Бојан, а што ќе кажи понатаму, останува на вас да си отворите и да видите во најновата емисија YUGO.
Амбициозен, пријатен и позитивен. Бојан Велевски во YUGO.
П.С.Извинете за битолскиО, ама намерно е. Не е случајно. 😁