,,За кај св. Петар пасош не треба! – Марјан стендап епизода 11

Тесно е во лудата куќа на Марјан стендап. Врие работата како пред нужнико дома, така и пред шалтерО за пасош. Едно веце за цела ,,екипа”! Можело?

Е ама кај нас, можи. – Вели Сашо и еве шо раскажа. Ете шо се дешава во менто во фамилијата на Марјан стендап:

,,Стандард ситуација. Село гори, Каја продава маски… Некои кремој за сурато за мазнење. Продава во живо, или презентира кај фоловерсите. Ај шо прај такви глупости, туку кај најде? Во тоалет. Не умре сите пред нужник. Се скапавме стегање со дедо.

И дури тропам и викам надвор, овАА во живо му пренесва на публиката и вели оти булинг сме му праеле домашните. Шо име е па то БУЛИНГ! Мислиш те зеаме на удолу? Ти прајме мајтап? Сега многу модерни се со овие изразите бижулинг, анксиозност, инфлуенсери, блогери, тим лидери…

И само за да се дефукусирам и ,,издржам” си думам пак во глата. А и која е та публика на Каја. Со кој ум седнуват и ја гледат кај шо се мачка на сурат, дури ние чекаме ко несалам да излези од нужник.
Наеднаш, ми светнува оти ај тука барем има кај да нуждираш, ама шо прајме ако треба да се чека кај пасошите? Треба страшна стратегија. Вода пиење два дена пред то, никако. И само лесна храна издржи Саше издржи! Само јуначки..

Ете ја и старата се приклучи на муабето, па и та сакала пасош.

-За кај св. Петар пасош не ти треба Мадона! – одма му реплицира Жана како снаа, а одма после ја превзема улогата на баба ми – свекрва!

Иначе појќе од јасно е оти снаата за свекрвица по дифолт е змија, а еве ја и ова на Жана – Елеонора седи оптегната на фиљџано, а и на двоседо.
Шо е ова мори Жане?! – се чуди Мира дури му гледа на кафе на Жана:

-Како мачнина некоја да имаш како тежина на снагата на плуќата… “

Муабето е стандардд, сите се клават на плеќи кај Жана. Ја јадоја кутрата и само вика низ куќи:Од нерви ќе ме испукате, ќе ме запустите!
И кај го зедоја филџано кај го запустоја. Елеонора да ти била од село, а во фамилијата се чека уште еден член. Снаата е трудна. Барем според желбата шо се дупна. Машко ќе било бебето. Е овај резил кизнеј дали ќе се издржи. Пасошите, нужнико, Елеонора, бебето… Е не се издржва појќе во куќата на Марјан стендап и се удри јако на апој! Ко издржи, причаче!

Марјан стендап со најново видео ТУКА!

П. С. Ќе се умрите од смеење, ама после ко ќе ви текни оти горе – долу кај сите е така, ех… Касно е за пасош, а уште покасно за да го напуштиш ова шоу! Барем не сега! Во најјакото!