И така Мими си го тера филмот на YUGO и си крцка по патот. Али како и во секој филм, мора да има натрапници. Нели, добрите и овие лошите шо ќе му го спречат патот на јунакот до целта. Во случајот, Мими со југото до градот под Марковите кули.
Имено, Марковски се најде во Прилеп, за Прочка. Е баш тоа беше одлична можност за реализирање на планот на Кумбата и цела екипа. Да направат вистински хаос и Prank со далечинско на YUGO. Следејќи го примерот на светски познатите интернет ѕвезди, дел од екипата на Pomelo tv, дојде до креативна идеја да направи Prank во наш автентичен битолски стил.
Си кладоја маски, се стокмија за маскембал и тргнаа во мисија. Иначе мораме да признајме оти стратегијата стварно им беше добра. Го следеа јутјуберот или го претицаа пред Прилепа града.
И дури водителот паничеше в југо оти му гаснеше на сред емисија, екипата на Pomelo TV си ,,дешаваше”. Камерите снимат, а тензијата се зголеми. Следеше туркање на југото, па нервози, саклдисвања.
И само шо го спомна Јоцо, виртуозот шо исчачка таму во жиците и напрај чаролија за на далинско да ја гаснат колата, Јоцо ете ти го на џам. Мими се шокира, се изненади, а мора да си признај и тро се уплаши. Да не речиме шашрдиса оти некој таму си влегол в канцеларија без прашање.
Да не должиме многу, погледнете го вториот дел од видеото насловено како Prank со далечинско на YUGO и уживајте пред она шо ние го нарекуваме: Затишје пред бура!
Патем едно врапче ни кажа оти екипата на Pomelo TV спрема и нешто друго, така да стрпете се оти… Кад је бал, нек је маскембал!
П. С. Доколку и вие имате да понудите некое добро видео и сакате да го промовирате вашиот проект, Pomelo tv е отворено за соработка. Исконтактирајте не и станете дел од нашиот you tube канал. Тука сме да ги бодриме талентите, уметноста, креативните идеи и да го промовираме и разбудиме сето она што е добро и квалитетно. За потсетување, razbudise.mk е официјална веб страна на you tube каналот на Pomelo tv.