Во југото на Мими – Никола Мицевски: Музиката никогаш не старее, само прашање на време е кога ќе ве допре

Во југото на Мими Никола Мицевски – Музиката никогаш не старее, само прашање на време е кога ќе ве допре

Во најмало – големото шоу на тркала „Во југото на Мими“ гостува Никола Мицевски, човекот чии ноти  шират енчантман  на македонската музика и понатаму од нашите граници. Композитор, аранжер и музичар со златни раце… Никола ја создаде „Две лири“ за Каролина Гочева… Но, и многу други ремек дела што ја прават македонската музика сакана низ целиот свет.

Во тесниот, но секогаш гостопримлив ентериер во Југото на Мими, Никола сподели дека неговата мисија e да ја доближи македонската традиционална музика до помладите генерации. Дома има мали деца и сака тие да го почувствуваат спојот на старото и новото што го создава тој… Како своевиден музички времеплов. „Браво за нашите претци,“ рече Никола, а она што го перцепиравме звучеше вака:

„Тие умееле потполно точно да ги преточат чувствата во зборови… И зборовите во песни кои и денес одекнуваат.“ Муабетот му беше – како мислеле така и зборувале, како зборувале така и пееле.

Во југото на Мими

На прашањето на Мими дали постои рецепт за хит песна за Евровизија, Никола одговори филозовски:

„Рецепт нема, ама треба да имаш нешто атрактивно – на пример исклучително добар пејач“. Призна и дека понекогаш не е задоволен од начинот на кој изведувачите ги третираат неговите песни:

„Можеш да создадеш одлична песна , ама без добар маркетинг или супер видео спот, дури и победа на фестивал нема да значи ништо,“  додава тој со нота на професионална искреност.

Мими успеа да го „фати во тесно“ кога го праша за некоја анегдота од патувањата. На почеток, Никола малку се двоумеше, но потоа се сети на едно случување: седнал на погрешната страна на трибините на фудбалски натпревар. Да. И мајсторот за музика може понекогаш да направи грешка – барем кога станува збор за спортски трибини.

Никола истакна дека денес има добра музика, но треба многу труд, квалитетна продукција и медиумска поддршка за да допре до луѓето. „Гледајте го примерот на соседите со нивната телевизија Пинк,“ рече тој, „музичката програма постојано се врти и затоа таа сцена е толку жива.“

Почитта кон работата, музиката и трибините од спротивната страна, секогаш наоѓаат свој ритам. Никола Мицевски во југото на Мими.