Од ко падна од трети му дојде умот! – Александар Тарабунов во легендарното YUGO

Како битолски портал шо си го пратиме Мими и легендарното YUGO од самиот старт, одлучивме овој текст да го дотераме како мини сценарио – муабет. Е па, да читните малку појќе, не само да гледате и слушате – друго е ко ќе се прочита за шо станва збор. Ама пазете, ова не е обичен муабет. Александар Тарабунов, поп пејач со срце за музика и душа за Битола, си седна во легендарното југо на Мими, а муабето потече како да се знаат сто години.

Мими си го почна муабетот со Тарабунов:

-Александар, да те прашам нешто, која е твојата песна?

Александар како од пушка:

-„Is this love“ од Вајтснејк! Знаеш, таа ми е омилена. Ама не прај планој да ја пејам на Евровизија. Таму веќе не е то шо беше. – жени со бради, чуда некои! Не е то брат… вистинското.

Мими му врати:

-Па зато и си наш, брат. Битола ги сака оние шо верваат во вистинското.

Муабето се префрла на „југо –авантурите“ на Александар:

-Како дете, со другарите едвај чекавме да заспие комшијата шо имаше југо и шо се палеше на дугме. Знаевме ко гасејнци да влезиме и да возиме: тргни – застани, тргни-застани. Така научив шо значи да возиш југо.

Мими се смеј и ете ти друг муабет:

-Едно време од Битола одеја во Скопје на работа, сега ти од Скопје во Битола, нешто ко да се свртил филмот! Ама барем со подароци, топ.

Александар со воодушевување:

-Да ти кажам, твоето „југо“ е права ризница! Подароци на сите страни, спонзори колку сакаш, браво!

Ко сме кај подароците, покојниот Драган Вучич, бог да си го прости, во една прилика да ти му подарил на нашио гостин, од пиле млеко, шо се вели:море кашкавали, сирења, пакети со шо не – да не мој да се однеси чоеко, дома. Е такви беа тие времиња! Ама и од југото, богами пакети, не играчка!

Мими со тупајнца на волан:

-Епа Александар, југото е закон, брат, не можи туку така?! Туку, кажи нешто за Радовиш, градо на татко ти, не сум бил таму! Како да не е некако комерцијален град, не се знај многу за него!

Можи не е комерцијален, ама за Тарабунов е градо на неговиот втор роденден. Еве ги легендарните анегдоти:

-Ко мал, со братучетка ми си игравме и од трети спрат, јас се лизнав долу. Среќа, умот не го изгубив и ниту една скршеница!

На Мими му е смешно…

-Можи тогаш умот ти дојде и зато си ова шо си!

И уште една радо-вишка дешавка, Александар се надоврзва:

-На  роденден на еден  популарен гитарист во Радовиш, почна да врни, да грми, да истура.. Мислевме, нема гајле, ама… еден гостин со моторот заглави, нешто не му палеше моторо и така целиот накиснат, се доближи до борот, тука до куќата и – удри гром на две метра од нас. Боро на полојна се расцепи, а ние, живи. За малку, попо ќе не пееше сите!

Но, тоа не е сè . Новиот проект на Тарабунов носи назив „Снегови“, па како и да било, инспирацијата му е на високо ниво Здраво се храни, но колегите го зезаат шо секогаш си носи подвижна кујна во која си мели апетисани со апаратче за мелење. Ама ако, така и треба. Не грицки, мицки, да ти го отрујат организмо!

Александар Тарабунов и шо да се кажи, сè помина како кафе на Широк Сокак! Другото шо не го напишавме, во видеото  и ќе го слушните и ќе го видите. Доста ви е читање! Можи уште едно кафе да прајме!