Му запна на бизнисо со зградите! – Мр. Љубе во Југото на Мими

Мими е спремен, а југото уше појќе! Нова сезона YUGO!… И се разбира новата сезона Мими ја почнува спектакуларно со најјакото чоече шо ја здрма Македонија по социјалните мрежи! Мр Љубе или Љупчо Крстевски во југото на Мими. И од ко то неговото ,,бате” си кажа оти нешто инвестирал во згради…. Во југото на Мими влезе Крстевски.

А во муабетО гостинот откри кој се крие зад ликчињата шо во последно време станаја вирални. Неговите рилсчиња допреа до секој еден. Љубе преку автентичен хумор успеа во видеа од по две три минутки да ни ја отслика суровата реалност и ,,случајно” малку не пецна и не задума… Барем некој ни го рече 😁

Од она што ние го знаеме, Љубе е скромен, несебичен, емпатичен, вистински другар, а богами и неверојатен талент кој време беше да се експонира пред камери. И да не брчиме ние многу, ѕирнете го првото видео од емисијата YUGO и уживајте во муабетот на Мими и Љубе.

А за овие момци можеме да речеме само напред и продолжете да го будите убото! Доста беа лошотилуци по љуѓето!