Мими со југото киниса Грција – АвтопатO маССС, а југото крцка: YUGO Најново видео
Се раздаваја поклони, ама таман мислевме ќе напрат стриптиз, тие исклучија камерите. Шала на страна (али изгледа не), за прв пат југото го проба автопатO во Грција – Ко шо тргна ќе се пресели Мими со YUGO Грција.
Идејата беше на гостинот Тео p2p. На старт од муабетO и гостинот и водителот, си покукаја во југото за висината. Се пожалија и си кажаја на шо мака се ради то шо се високи 2 метраи, (а богами по наше и „згора“).
Teо одма си почна со локал патриотизам (ко шо рече Мими). Раскажа дека живеел во центарот на градот од секогаш, дека си ја сака нашата Битола и дека овој град има посебна душа.
Фотографија – screenshot од најновото видео на Мими со југото: YUGO p2p
– Битола ја носам во срцето – Со гордост изјави Тео – Нема ко Битола и мислам дека ќе биди уште поуба! И мислам дека се повеќе напредуваме!
…И така со муабетO оти „ќе не биде“, ја поминаја границата. Југото „се воодушеви од патО“, а и гостинот се пофали оти татко му имал исто. Било купено во далечната 93та и најубајте одмори и патувања за паметење, се случиле во ваквиот автомобил.
Да не ја тегниме работата, само би поентирале оти југото е токму олицетворение на скромноста на Мими. Неговата идеја значи појќе од обична емисија и е доказ оти не мора да имаш ламбурџини за да бидиш најјакио фраер.
Тео зборуваше за амбиција, за p2p… Како ја започнал својата кариера, што научил, како се мотивира…И така…Сега ѕирнете го видеото подолу во текстот…Оти ние пак се замуабетивме. Па на крајО ќе испадни: „E шо муабет…Цело ни го раскажаја“…
Уживајте во најновата емисија и шетнете до Грција заедно со Мими и се разбира неговото најјако ЈУГО.