Градоначалникот Тони Коњановски во југото на Мими – Втора сезона

мими југото Коњановски

Започнува втората сезона на Мими со југото. Радосни сме да најавиме уште една соработка со нашиот Мими и пак малце да го „изгибаме“ за климата. Уште е рачна и уште се барат спонзори да ја попрат. Ете нека биди овај некој апел. Ама од друга страна, не е то тО со современа клима. Поентата е носталгичниот ефект и веќе олдтајмерот – југото на Мими, баш такво какво шо си е. Имено како ексклузивен гостин за во првата епизода е градоначалникот Тони Коњановски кој се повози во југото на Мими. Коњановски е првиот човек на градот на културата, градот на уметноста. Како сакате речете, Битола е најубавото место во срцето на Европа.

мими југото Коњановски
Mimi-yugo-konjanovski-bitola

Разговорот бо југото на Мими со господинот Коњановски започна со лоцирање на спомени за неговото детство.

За тоа колку било поинаку. Како растел тој како дете и колку тогашните генерации се радувале со малку и сепак биле среќни. Понатаму Коњановски откри дека секако не му е прв пат да се вози со југо, а во својата младост имал застава стоедно. Низ насмевка, градоначалникот се запраша како успевале во тие времиња да возат со таков автомобил и да возат многу километри, посетувајќи одредени дестинации за летен одмор. Товарени како на филмот „Ко то тамо пева“ – се насмеа Коњановски.

Градоначалникот откри каде го помина неговото детство, што се случуваше во неговите денови во средношколските години, а секако се спомена и нашиот град, за кого најискрено тој рече:

Битола само треба да ја сакаш! Битола е град на културата, а таа е нешто кое најмногу и најлесно може да не поврзи со сите.

Да не должиме многу, погледнете го видеото и слушнете го разговорот и интервјуто на Мими каде во југото се повози и зборуваше градоначалникот Тони Коњановски.