,,Јас ко свирев ко дете, другарите мои женски бркаја, ама зато сега предвреме ќе си одам во пензија и ќе го шетам светот! ” Џими од група ,,Молика” во Mimi YUGO.
Неверојатен талент, голем музичар. Човек кој долго време заедно со бендот, се задржаа на врвот на музичката сцена. Соништата се само за оние кои се осмелуваат да ги сонуваат и да ги остварат. Баш таков си е Џими. Амбициозен и упорен. И сега тро битолски… Е само чоек со таков табиет можи да стигни до целта. Неговата визија отекогаш била голема, а и вервал оти еден ден ќе ја биди. Упорен во таа намера, Џими во Mimi YUGO, раскажа детали од то како започнала цела ова,,прича”.
Интересно е шо Џими се приклучил на група,, Молика” и станал дел од денес веќе познатиот бренд.
Молика е институција – ќе нагласи Џими.
Некој ќе речи оти во прашање е среќа, ксмет, ама ,,разбуди се”, ќе забележи оти е упорност и верба. Ако само се надеваш и се потпираш на таа ,,среќа”, ваљда не е доволно. Ама ако веќе верваш и се фокусираш комплетно кон то шо го прајш, е тогаш веќе си во игра.
Ризикуваш, паѓаш, станваш и мислиш само на то ,,напред”.
И фала Богу пак си се зазборавме. Ногу философски му влеговме на муабетО, али и то ни е целта. Да ве разбудиме. Кога еднаш ќе се увериме дека е возможно, тогаш сме на добар пат.
Во секој случај, за успех не е доволен талент. Па од она шо го раскажа Џими во емисијата Yugo, заклучваме оти талентот е само 20 проценти. Се останато е работа. Турнеи, закажани настапи, свирки… Музичка група за која знае цел Балкан и која ја претставува Македонија и нашата Битола дури и во прекуoкеанските земји. Дел од нивната кариера е евидентирана и во филмот ,,Патот до ќенгурите” кој доживеа огромен успех и останува нешто кое долго ќе се памети.
П.С. Ние пак.. Тантара – пантара. Погледнете го видеото и откријте ги деталите.