Mimi уапсен на сред емисија! – Главен виновник: Марјанчо Ѓоргиевски!

Е овај лик ни фалеше! Ексклузивно во Mimi Yugo или во Јулијана ко Мими шо си го има крстено количето, Марјанчо Ѓоргиевски (Мацко).

Публиката го знај како Мацкото од најјаките скечој шо и ден денес се стварно актуелни. Неговите ликој си запишаја историја, а она шо ние можиме да го кажиме е дека Марјанчо е голем другар, пријател и позитивно чоече шо ќе те насмеј и во најлошото. И фала Богу, најпозната улога на Мацко е цајканО. На радост на публиката, Марјанчо и овај пат ја кладе униформата и не потсети на неговиот талент. Марјанчо во Mimi Yugo.

Марјанчо Mimi

Иначе Мими со Кумбата планираше да прај нешто пак емисија, али ете ти го ,,плави оркестар” во едно одело.

Мацкото сподели многу од то како ја креираше кариерата и неговиот пат до успехот. Ама к’смет негов, и тој ко нас, шо нема работено. Јаки дешавки од турнеи, проблемО со месачарењето и идеалниот цимер – Никола Тргачвски Кумба.

Јак е муабето и за дел од кариерата на Мацко со звање и титула „ТаксистА“. Богами шо нема видено. А од то шо го има видено, изгледа има салам инспирација за создавање нови ликој. (Тука меѓу редој откриваме дека е можно да си напрај „big come back“ на шоу бизнисон сцената… Редно е за квалитетни видеа и хумор).
Сé си кажа Марјанчо во југото (во кое Патем не е појќе рачна климата благодарение на Јоцо.)
Али, не сме ние ако не најме забелешка. Начи апел до Мими: А се наточји бензинс со време пред емисија дјечкоо! И глеј таму гумите да ти чинат, оти машала гостите габаритни!