Врвни модели на јакни ќе го задоволат вашиот вкус на модно изразување. Откријте ги новите трендови на јакни кои ќе ги носите со задоволство и секако ќе бидете во центарот на модното внимание.
Кожна моторџиска јакна
Исконската кожна јакна доживеа трансформација, претставувајќи се во поелегантна верзија, без незгодни детали и џебови.
Минималистичка бомбер јакна
Бомбер јакната во нови луксузни варијанти со намалени детали, стана must-have во гардеробата.
Твид јакна
Ова парче се издвои како симбол на деловниот стил. Доаѓа во разновидни облици кои нудат вистински естетски допир.
Карирана јакна
Карираниот дезен е во центарот на вниманието и добива различни варијации. Може да се сретне како гингам (ситно кариран принт), пепито (дезен со двобојни квадратчиња) и графика-дезен.
Мини тренч јакна
Скратениот т. н. мини тенч мантил донесува свежина и луксуз, правејќи рамнотежа помеѓу комфорот и стилот.
Направете го потребното. Сезонскиот променлив временски период ни дава поттик да инвестираме во топла јакна. Јакната нека биде и вашиот стилски потпис, носејќи ја каде и да одите.