„Креативен ден“ – Настан кој го менува наративот на модниот крик на градот: На кафе со еден од тимовите

Креативен

Креативен ден“ – настан кој континуирано го менува наративот на градот. Организаторите се осмелија да обмислат посебна приказна, култна фузија и симбиоза на уметноста, модата и творечкиот дух. Креативен ден е линк меѓу образованието и бизнис секторот. Така меѓу редовите, наѕира и целта: да се подигне свеста кај учениците, дека оваа професија има иднина! Дека модниот дизајн е нешто кое може да редефинира граници. Да пулсира во име на урбаното, елегантното и да го врати паришкиот шмек како посебен концепт и традиција на битолските „чупиња“.

Четвртокот беше посебен ден за нас. Позитивни емоции, вибрантна енергија и едно поинакво кафе во конзулска приквечерина со еден од тимовите на „Креативен ден“. Разговараме со Христијана Голубовиќ (моден дизајнер), Јасмина Атанасова (Дамата која ќе ја носи креацијата) и Виолета Мишакова, ученик на текстилната струка во СОУ „Таки Даскало“ – Битола. И на нашето прашање околу нивната соработка, со посебен ентузијазам и шармантна насмевка, Голубовиќ започна да ни открива детали:

Креативен

Креативен

Креативен

Одлично е чувството да си дел од еден ваков настан. Го доживувам супер. Kреативно. Има интересни модни трендови и стилови. Има модни кампањи стратегии за брендовите, следам познати дизајнери, брендови за инспирација и некои новитети.

Трендовите се и тоа како важни во светот на модата. Тие го одредуваат изгледот, дизајните и стиловите во моментот. Најчесто ги следам и сметам дека треба да се биде во чекор со нив.

Мојата амбиција е да научам како да создадам иновативни, креативни и влијателни дизајни кои ќе ги восхитат и ќе влијаат на луѓето во светот на модата. Да внесам нови трендови и стилови. Секако дека оваа приказна не застанува тука.