Мими – од YUGO на коњ? – Дали јутјуберот го,, менва” концептот?

Мими – од YUGO на коњ? – Дали јутјуберот ќе го менва концептот?

Се подума изгледа Мими во најновата епизода од емисијата YUGO. Дали би го променил концептот? Хм.. Сепак не. Од она шо го знајме, Мими не го дава олдтајмерот колку и да му нудат… Ама овој пат, приказната го однесе до едно незаборавно искуство. A некои приказни почнуваат со тропање на врата. Оваа – со звукот од Yugo( Југо.) Од Yugo до јавање на коњ.

Кога Мими тропна на неговата врата со камерата и љубопитноста на вистински истражувач, зад него стоеше човекот што цела Македонија го знае како Гоце Тито. Имено, овој човек го претвори Демир Хисар во дестинација. Место каде што не само што ќе јавнеш коњ, туку ќе јавнеш и по сеќавања, корени и вистински живот.

Гара Ранч, гласно ќе ти рече:

„Врати се кон суштината.“

Гоце „Тито“  – не е само прекар – тоа е начин на битисување. Имал две верзии за прекарот. Ама ние ќе ја прифатиме онаа за која мајка му му велела дека личи на Тито кога ќе се исчешла.

Тука некаде се раѓа и идејата за Гара Ранч – мало рајско катче на само 3 километри од Демир Хисар, каде времето изгледа не се брза, коњите се другари, а секој предмет има приказна.

На ранчот те пречекуваат Гара, Ѕвезда, Шарко и едно мало коњче што го викаат Ж… Да, машко е, ама си носи женско име со стил – Жаклина.  Секој коњ има свој карактер, а Гоце вели: „Погали го коњот и никогаш нема да те заборави.“ Не зборува од романтика, туку од наука – коњите имаат развиена лева и десна хемисфера, плачат, се смеат, чувствуваат. Ако чуваш коњ, мораш да мислиш како коњ – мирно и благородно.

Но, Тито не е само јавач и визионер, се открива во емисијата YUGO.

Има напишано три книги. И скромно ќе рече: „А кој ли не е писател  и поет од Демир Хисар?“ Како да сака да каже: оваа земја самата пишува преку луѓето што ја љубат.

Ранчот не е само за јавање. Таму ќе најдеш артефакти стари 2 300 години – копје од времето на Александар Македонски, германски шлем, стари седла и тикви со чудни форми… Стара кочија, дрва како свеќи и цела палета приказни што се раскажуваат меѓу тревките и кантри музиката. Гара Ранч е музеј, сцена, иконостас и игралиште во еден хабит.

Тука постоеле и патеки од времето на Виа Игнација, антички градови и вистини што никогаш не се напишани , но ги чувствуваш.

Приказните шепотат: „Врати се кон суштината.“

vrati-se-kon-sushtinata-poseti-go-gara-ranch-i-seti-se-koj-si

Со џип оф – роуд турнеи низ преубавите места околу Журче и Сладуево. Со гости од Малезија(шо патем, гостинот се чуди како го нашле)… Со уметници од цела естрада, со деца на кои им донира скришно, воден од библиското „давај без да кажуваш“.

Со цела своја фамилија таму, Гоце го претвори домот во бренд, животот во визија и коњите во симбол на враќање кон суштината.

Тука, на ова тивко место со стара куќа што била беговска, со пицерија, игротека и кантри фонтанче, не се оди само на прошетка – туку на будење.

Па ако некогаш сме мечтаеле за вакво место барем во сон, убаво би ни дошло овде. Со автентичен концепт, овде животот се сфаќа поинаку. И не е поентата да го бркаш времето, туку да го доживуваш.

„Сега и овде“, Гоце Тито – живата легенда – тропна на вратата од Југото, а Мими ја отвори…право кон рајот.

И ете така,,, ОП”, нашиот Мими се качи на коњ, заврти едно кругче – и го отвори срцето на една тивка, вистинска магија. Ја пушти во етерот – тивко, но со одек.

Мими - од YUGO на коњ? - Дали јутјуберот го,, менва" концептот?

пишува: Ромина Марковска

[post_tags]