Во Јапонија плаќаат за да одат затвор! Осаменоста и сиромаштијата кај постарите лица создаде бизарен феномен – постари жени намерно го кршат законот за да завршат во затвор.
Во најголемиот женски затвор во Јапонија, Точиги, дури 20% од затвореничките се постари жени. Овој затвор сè повеќе се прилагодува на нивните потреби, нудејќи помоѓ при капење, хранење и медицинска нега. Некои од нив дури и би плаќале месечна сума само за да останат таму засекогаш, изјавуваат затворските службеници.
Меѓу затвореничките е и 81 – годишната Акијо, која служи казна поради кражба на храна. Со мала пензија и минимална поддршка од семејството, таа тврди дека животот во затвор ѝ нуди стабилност. Стабилност што ја немала надвор. „Можеби ова е најстабилниот живот за мене“, вели таа и додава дека финансиската несигурност ѝ ги ограничила изборите.
Податоците покажуваат дека најчесто кривично дело меѓу постарите затворенички е кражбата. Над 80% од постарите жени во јапонските затвори во 2022 година биле осудени за кражби, при што најчестите причини се сиромаштија, осаменост и недостаток на поддршка.
Јапонската влада е свесна за овој проблем и презема иницијативи за да им помогне на овие жени да се реинтегрираат во општеството, но демографските промени и стареењето на популацијата оставаат предизвици кои бараат сериозни ресурси и трајни решенија.
Зошто животот во Јапонија во затвор за некои значи спас?
Во општеството каде што 20% од лицата над 65 години живеат под границата на сиромаштија, а социјалната изолација е огромен проблем. Затворот за некои станува место на сигурност и втор дом, Овој феномен отвора прашања за тоа како општествата ќе се справуваат со слични проблеми во иднина.