Доналд Трамп: „Златната ера започнува сега“- Оваа изјава од претседателот Трамп е еден од клучните моменти во неговиот втор инаугурациски говор. Во него, Трамп најави „револуција на здравиот разум“ и прогласи дека Америка влегува во „нова ера на национален успех“. Со ова Трамп се обврза да ја врати земјата на врвот на светската сцена.

Во 30 – минутниот говор во Капитол Ротонда, тој истакна дека ќе потпише околу 200 извршни наредби и мерки кои ќе започнат со елиминирање на криминалните мрежи и заштита  на границите. Доналд Трамп, исто така ги обелодени своите планови за економија, вклучувајќи намалување на инфлацијата и враќање на Американската индустрија во својот врв.

donald tramp zlatnata era zapochnuva sega

Говорот го потврди неговото уверување дека Америка ќе биде повторно водечка сила во светот со фокус на одбрана на националните интереси и засновање на правдата. Трамп заврши со надеж дека неговата победа на изборите ќе остане запишана како најважната во историјата на земјата.

Тој најави и целосна реформа на владините политики, вклучувајќи враќање на слободата на говор и борба против социјалната инженерска политика. Се очекува дека неговите акти ќе доведат до радикални промени во начините на фунционирање на владата и животот во Америка.