Американка заработи 80 000 долари од отпадоци од контејнери

американка

Американка заработи 80 000 долари од отпадоци од контејнери! Американката Тифани Батлер открила богатство во нешто што многумина го гледаат како обично ѓубре.

Едно хоби, што некогаш се сметаше за необично, сега добива сосема ново значење. Американката, одлично сфатила дека ова е свет кој се движи кон поефикасно искористување и повторна употреба на ресурсите. Започнала да собира и продава предмети од контејнери.

Со овој иновативен пристап, американката  Батлер, придонела за намалување на отпадот  и остварила значителен профит. Истовремено, докажува дека со креативност и труд дури и отпадот може да се претвори во богатство.

Кога слушаме за копање по контијнери, првата мисла што ни доаѓа на ум се луѓето што се борат за егзистенција. Но, во Америка, оваа активност стана нешто повеќе од само преживување. За некои, тоа е вистински златен рудник. Батлер , која копа по контејнери два до три пати неделно, стратешки избира контејнери зад скапи продавници, каде што се наоѓаат сосема нови предмети со ознаки.

американка

На една од нејзините последни „турнеи“, американката Батлер пронашла девет нови New Balance патики, спортски шишиња за вода и чорапи – во оригинална амбалажа. Иако идејата за нуркање во контејнери предизвикува одбивност, за Бтлер ова е можност за заработка и авантура.

И покрај тоа што копањето по контејнери е легално во сите педесет држави на САД, постојат одредени правила кои мора да се почитуваат. Навлегувањето на приватен имот или кршењето на бравите на контејнерите може да го претвори ова необично хоби во незаконска активност.

За многумина, контијнерот за отпадоци е место кад што се фрла ѓубре. Ѓубрето е само тоа-отпад. Но, за американката Батлер тоа е богатство кое чека да биде откриено. Во време кога одржливоста станува сè поважна,нејзиното хоби го гледаме како патоказ за креативен и профитабилен пристап кон повторната употреба на предметите што ги отфрла општеството.

Извор