Македонското научно друштво – Битола ги објави броевите 16 и 17 од Списанието за култура – литература, драмска уметност, филм и издаваштво „Современи дијалози“ за 2025 година, кое се издава со финансиска поддршка од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија. Списанието го уредува редакција во состав: Весна Мундишевска Велјановска (главен уредник), проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска, проф. д-р Силвана Нешковска и доц. д-р Анита Ангелевска (уредници), во соработка со меѓународен уредувачки одбор во состав: проф. д-р Звонко Танески (Словачка), Раед Анис Ал-Јиши (Саудиска Арабија), м-р Жарко Милениќ (Русија/ Босна и Херцеговина), проф. д-р Тземин Итион Тсаи (Тајван, Република Кина), проф. д-р Том Филипс (Велика Британија), вонр. проф. д-р Михо Нонака (Јапонија/ САД), Олга Лалиќ-Кровицка (Полска), Искра Пенева (Србија), проф. д-р Су Џен Лин (Тајван, Република Кина) и Жермен Дрогенброт (Белгија/ Шпанија).

На околу 400 страници, застапени се вкупно 103 книжевници (подредени по азбучен редослед) од кои во бр.16 застапени се 45, а во бр.17 застапени се 58 книжевници. Во рубриката „Поезија“ со нови поетски остварувања застапени се поетите: Даниела Андоновска-Трајковска, Елизабета Бандиловска, Александра Јуруковска, Ѓорѓи Калајџиев, Весна Мундишевска-Велјановска, Пунторие Муча-Зиба, Кире Неделковски, Силвана Нешковска, Зоран Пејковски, Раде Силјан, Виолета Танчева-Златева, Васил Тоциновски и Дејан Трајкоски.
Во рубриката „Проза“ објавени се авторите: Божин Андоновски, Цвете Димитриеска, Петре Димовски, Гордана Јовиќ Стојковска, Елизабета Јончиќ, Калина Малеска, Стефан Марковски, Марија Младеновска-Димитровска и Добре Тодоровски.
Во рубриката „Литература за деца и млади“ застапени се раскази и поезија од писателите Горјан Петревски, Ванчо Полазаревски, Љубинка Донева и Ели Маказлиева.
Со книжевна критика и текстови од областа на лингвистиката, театарот и музичката уметност, во рубриката „Согледби“ застапени се авторите: Анита Ангелевска, Даниела Андоновска-Трајковска, Гордана Гравчева-Ивановска, Јованка Д. Денкова, Милица Димитријовска-Радевска, Златко Жоглев, Елизабета Јончиќ, Сашо Огненовски, Борче Панов, Зоран Пејковски, Емилија Ристевска Стефановска, Александар Стефановски и Васил Тоциновски.
Во рубриката „Акценти“ застапени се прилози од бројните активности за одбележување на јубилејот 65 години постоење на Македонско научно друштво – Битола, а во бр.16 со пригоден текст одбележана е и 25-годишнината од смртта на ликовниот уметник Ранко Струмениковски.
Во рубриката „Паралели“, во соработка со триесетина преведувачи, објавени се 63 реномирани странски автори од 40-тина земји и тоа од: Австрија, Азербејџан, Аргентина, Белгија, Велика Британија, Индија, Италија, Конго, Египет, Израел, Иран, Ирска, Италија, Кина, Полска, САД, Саудиска Арабија, Турција, Филипини, Франција, Шкотска, Шпанија и други.
Во двата броеви на списанието објавени се 12 илустрации од ликовните уметници Бурхан Ахмети, Мери Димовска, Лутфу Капланоглу (Турција), Маријан Котевски, Јане Крстески, Златко Крстевски, Симона Мирчевска, Славица Михаилова и Звонко Тилев, како најава за секоја рубрика. Ликовен уредник е проф. д-р Даниела Андоновска-Трајковска.
Кориците ги дизајнираше Весна Мундишевска-Велјановска со илустрации од ликовните уметници Дијана Колонџоска и Васко Ѓоргиев. Списанието е достапно и во електронска верзија која може да се најде на вебстраницата на Македонско научно друштво – Битола (https://mnd-bitola.mk/tag/sovremeni-dijalozi/).
