Art Time
Виолинистот Петар Маркоски од Охрид – Најдобар интернационален музичар, на Murex D’or, меѓународна церемонија
Виолинистот и пејач Петар Маркоски од Охрид е избран за Најдобар интернационален музичар, на Murex D’or, меѓународна церемонија Брилијантниот виолинист и пејач Петар Маркоски од Охрид ја освои наградата најдобар интернационален музичар на Murex D’or. Имено, Murex D’ or е позната како The Golden Murex award -доделување на награди во Либан. Меѓународната церемонија ја создадоа […]
Виолинистот и пејач Петар Маркоски од Охрид е избран за Најдобар интернационален музичар, на Murex D’or, меѓународна церемонија
Брилијантниот виолинист и пејач Петар Маркоски од Охрид ја освои наградата најдобар интернационален музичар на Murex D’or. Имено, Murex D’ or е позната како The Golden Murex award -доделување на награди во Либан. Меѓународната церемонија ја создадоа Zahi i Fadi Helou во 2000 година како признание за достигнувањата во уметноста во Либан , регионот и целиот свет.
Струните на виолината на Маркоски се повеќе од моќ. Акордите на талентираниот Петар, се слушнаа дури во Либан.
Погледнете ја објавата на Instagram
„Разбуди се“ ги пронајде неговите изворни почетоци:
– Виолината е првиот инструмент на кој научив да свирам, но во одреден момент од животот настапував како пејач и гитарист. Тоа беше моментот кога прв пат почнав да снимам кавери-2009 година… Со текот на годините одев на часови по аудио и видео продукција што многу помогна во правењето квалитетна содржина. Мојата сопруга е таа што ги снима видеата , а јас ја работам постпродукцијата , што да кажам, ние сме одлична екипа.“
Неговите зборови се беспрекорен пример кои покажуваат и докажуваат како е да се биде повеќе од талент. Кога си синхронизиран и хармоничен со сродната душа , кога си вистински тим на соработка и љубов. А кога е тука и виолината, е тоа е уникатно патување во животот.



