Под закрила на љубовта и под велот на музиката, македонската публика ќе има можност уште еднаш да ужива во приказната за единственото македонско девојче.
Имено станува збор за нова песна на Љубиша Милошевски, меѓу битолчани познат како Ди-џеј Љубиша.
Новиот ремикс на легендарната „Македонско девојче“ која првично беше создадена од бардот Јонче Христовски, воодшевува и ветува дека ќе биде уште еден хит на нашата музичка сцена.
Емоцијата е уште повозвеличена, а македонското девојче е одново мотив за создавање на уште поголема уметност!
Во продолжение уживајте во новата песна на Љубиша.