Владо Дојчиноски и Народните Приказни: Љубов, Театар и Риболов.
Гостин во емисијата „Во Југото на Мими“ е Владо Дојчиноски. Човеков не знае што е да се биде досаден –секогаш полн со енергија и интересни приказни. Охриѓанецот кој не само што го води нашето срце, туку и го отвора прозорецот во светот на македонските народни приказни, го задржа нашето внимание.
Со риболовската прачка во едната рака, а сценариото за новата приказна во друга – како да ловиш риби и улоги истовтемено. „Морат да се ловат риби!“. Вели Владо, кој не само што љуби риболов, туку и знае како да ги лови и најтешките приказни, за да не завршат на сувата плоча. Рече дека некогаш ги броел приказните во кои учествувал. Но, кога се свртел назад, се сетил дека имало стотина епизоди што се снимале како да биле цел свет. „Ама после некое време, престанав да ги бројам“, додава со насмевка.
На прашањето на Мими како ги избирал локациите за снимање, Владо зборува како еден вистински режисер. „Јас едно време, не само што бев актер, туку и режисер. Пазев каде се снимаат приказните, да не се распаднати куќите.“ Но, тоа не е сè. Успеал да направи нешто навистина невообичаено, а за Владо тоа е вистинско чудо! Некои сцени се снимени во Охрид!
Но, проблемот не беше само каде се снима, туку и финансиите. „Со љубов ги снимав приказните! Кумбата, како техничка поддршка, со насмевка додава:
„Оставивте голем белег за идните генерации, со вашата љубов кон приказните, која е толку очигледна што не може да не остави траен печат.“
А најважното? „Приказните ги снимавме за еден ден или два, а кога треба да се играат претстави на театар…тоа е вистински докторски испит!“
„Приказните се народни, си прајш муабет. Не знаете како ќе заврши, ама често во нив стопати бил женет, а син му кога и да го гледал на малите екрани, со насмевка велел:„Тато има друга мама!“
Со сето тоа, Владо сигурно знае што зборува кога вели: „Да не се фаќаш за театарот, не би знаел каков е животот..Човек што сака да ги изрази работите, треба да ги бара таму каде што не му е најудобно.“
„И да, познавав луѓе што дувале, ама мене не ме фати тој порок. Се ослободив и од цигарите. Во филмот „Сенки“ имав мала улога, ама и да се барам, не можам да се најдам. Битно, ме пишаа дека играв, сосема природно ќе подвлече актерот.
Да не должиме многу (а веќе ја издолживме), погледнете ја најновата епизода на Mimi – Yugo и откријте што стои зад приказната на единствениот Владо Дојчиноски.