Олдтајмерот на Мими ,,врши” низ СкУпје – Нов гостин ЧУЕЧЕ! – Антонио Ташковски

Овој пат низ скопските улици, у Скупје чуече, со „Југото на Мими“ патува Антонио Ташковски, актер, стендап комичар и рапер. Имено, гостинот е дел од патувачко кабаре – спој на танчери, балерини, музичари и пејачи. Човек со многу таленти, но упс… И со остро сетило за мириси!

Таман сОтвори темата на муабет, гостинот од Скупје, во југото на Мими, го фати с клет за јакната. Мирисала на пржени кришки!Мими, со својот битолски шарм (ами не) и чоек шо знај тро и мајтап на своја сметка да стори оти интелигентен е, не оти е наше дете ама, одма му врати: „Не, не, то е мојата јакна – пред малку јадев пржени тиквички в кафана!“ (ок, пА се зазборавме).

Мајтапо на страна, дечково е брилијантен. Мултиталент. Имал настапувано во претстави, вклучувајќи ја и „Големиот бел заговор“ во режија на Војо Цветановски. А за Битолскиот театар вели дека има прекрасна атмосфера. Али и овај нашио в театар растен е. Го знај та од амфас, та од профил. Па се удрија пофалби и за та пуста театарска убајна.

Иначе, освен што е феноменален стендап комичар ( и само да знаете дека Сашко Коцев го смета за еден од најдобрите), гостинот има и свое студио за рап. Во карантинот, кога светот беше во хаос, тој создавал рап на теми што сега ни изгледаат како нешто од минатото. Но, како што вели Мими – „ќе се фалиме со ова искуство кога ќе остариме“.

Го гледавме и во филмови и серии, меѓу кои „Фамилијата Марквски“. А, за неговиот последен долгометражен филм, Мими вели дека го видел само 15 секунди. Но, гостинот не дозволи да помине тоа така – со насмевка. рече: „Сè што се пушта треба убаво да се види.“

А што е со „Југото на Мими“? Студио за разговори, кое сеуште нема поминато 100 000 километри! Мими и гостинот се толку опуштени што да не се снима, можеби ќе заборат дека се во емисија. Кој не би заборавил, кога се има толку многу да се сподели?

И за крај, квизот! Мими, како вистински магистер на изненадувања, подготви скопски квиз. Крајниот резултат? Полн погодок! „Југо – логиката“ функционира!

Патувајте со нас во „Југото на Мими“ – секоја средба е нова, забавна приказна! Патувачка.. И да! ,,Врши” низ Скопје.

[post_tags]