Ивана Кнез нè остави без здив со своето искрено и без маска сведоштво во новата епизода во југото на Мими. Отворено зборуваше за турбулентната младост, за алкохолот… За падовите и подемите, за моментите кога животот ѝ висел на конец… И за тоа како од сето тоа изгради сила, страст и успех.
Ивана Кнез, една од најпознатите фаци во модниот свет, која секогаш знае како да направи нешто уникатно и да ја разбуди креативноста кај жените, во југото, ја сподели својата необична приказна од младоста до денес.
„Младоста си ја поминав ко топче. Бев 100 кила, ама сега….сега се отворив,“ вели Ивана со топла и широка насмевка, додавајќи дека секој нов ден носи нови шанси за раст и напредок. Патот од студентка во Белград до денешната модна икона не бил воопшто лесен, но така е тоа во животот.
„Во Белград не беше лесно. „Уште се сеќавам и кога ми загина дипломата на еден кафе -брек во Скопје, точно кога требаше да се пријавам во Сан Диего. Но, животот не е секогаш како што го планираш, “ вели таа со топла насмевка. Иако дипломата „загинала“, Ивана не се предала. Првата шанса ја добила за магистратура во Сан Диего, ама животот и донел нова патека, а дипломата, повторно се вратила на нејзината адреса.
„Не ми беше лесно, но не застанав. Продавав накит и создадов бренд кој денес е успешен. Понекогаш вистинскиот успех доаѓа кога не го очекуваш.“ вели Ивана, која оттогаш не престанала да го гради својот свет и стил. Последните години креирала неколку одлични комбинации и стана популарна, но вели: „Не можеш да ја наречеш естетика на ништо – наметнаа некој стил на „Кардашијанки“, кој е полн со повторувања.“
Една од најдраматичните моменти во животот на Ивана беше клиничката смрт. „Јас, верувајте, ја имав својата случка. Бев на работ на животот, но тоа не ме запре. Затоа и мојот поглед на животот сега е поинаков.,“ вели таа. Искуството со клиничката смрт ѝ донесе ново разбирање за животот и ја натера да се фокусира на здравјето што дотогаш не било случај. „Го видов светлото, го видов и мојот покоен татко кој ми кажа: „Дојди со мене,“ но јас решив да се вратам,“ вели Ивана Кнез во југото, додека се сеќава на тој момент.
Нешто што Ивана го забележала за денешните млади е дека повеќе се фокусираат на TikTok и Instagram отколку на вистинско образование. „Ние бевме гладни за образование, а денешните млади не размислуваат така,“ додава таа. Го советува секој млад човек ,да не заборави да вложува во себе, а не само да се следат трендовите. А за младите во Битола и Мими и Ивана ќе се сложат дека убаво се облекуваат, ама пак, сите изгледаат како да се исти. Тоа не чини, фали некоја амбиција. Младите мора да имаат свои идеи , а не да ги следат другите.“
Кога не е во светот на модата и исклучителните креации, Ивана има 12 миленичиња кои ја прават уште попосебна. Сè од кученца до мачки , се вклопуваат во нејзиниот свет. „Сите се контејнерчиња“, вели и во тоа има некаков шарм.
Имала тешка рана младост исполнета со турбуленции.
Мими ѝ поставува неочекувано прашање – каде најмногу ја болеле тетоважите? Додека таа објаснува дека тетоважите ја пресликуваат нејзината душа, признава дека најмногу ја болеле по должината на ‘рбетот. Можеби токму таму е врежана душата на нејзината болка.
Но, патот на успехот на Ивана не е поврзан само со модата и личните искуства. Со своите колумни, таа успеала да ги допре срцата на многу луѓе. Вели дека е горда што успеала да спречи самоубиство благодарение на нејзините мотивирачки приказни. „Љубовта кон животот е важна. Тоа што го правам, го правам за да направам луѓето да се чувствуваат добро.“
Секојдневно балансира помеѓу искуствата на модниот свет, личните искушенија и љубовта кон животот, истовремено остава простор за хумор и задоволство. Нејзината приказна е една голема инспирација. И покрај сите пречки, таа успеала да се надмине себеси, постигнувајќи го она што сега го нарекуваме успех.
Ивана Кнез е жив доказ дека кога веруваш во себе, дури и кога си на дното, сè е возможно. Патот до успехот е долг. Но, ако се осмелиш да се отвориш, нема да се каеш дури и ако некогаш си тежел 100 килограми заедно со сите маки.