Урнебесно видео на Љупчо Крстевски:,,На интервју за работа!”

Љупчо Крстевски го знаете како дел од екипата на најпознатата хумористична емисија К – 15. Имено, актерот има ново видео кое веруваме дека навистина ќе ве насмее. Веројатно затоа што ќе се препознате. А во кого? Во кој лик? Тоа си оставаме на вас…Вие си знајте дали сте биле ваков газда на некое големо семејство (ко шо велат) или пак сте дошле како другиот, за гајби кревање… Хм…

…И да не се „прајме на Тошо“, сигурно сте поминале низ некое вакво или слично искуство. Кизнеј шо му се дешава на ваквите шефчиња ко ќе те викнат на интервју. Шефчиња ии овие од „Ејч Аррр“. Пука адреналинот и изгореа да те прашат некои обични клише прашања на кои стварно, ама стварно немаш одговор бе чоек: „Кај се гледаш за 5 години? Дали можиш да работиш под притисок…“ Значи зошто стрес? Зошто вакви прашања? Шо комплицирате?

Автентичен хумор, убо кажано од убо чоече шо би рекле ние битолчани. Ваков лик фалеше на сцена!

Пак се зазборавме и извинете за битолскиО. Намерно е, не е случајно. Гледајте го Љупчо Крстевски. Ќе следат уште многу видеа!