Гичето и Лилето си ги знаеме сто години. А можда и појќе. И се некако не е мрдната работата од место. Па така и Лилето и Гичето остануваат истите жени низ времињата. Истите мајки, со истите фути, исти костими, тенџериња, штавиња, лајци, кутлачи и пајнци. „Шубо е да си мажена!“ си велат и клават уше две јајца во тестото.
…И ако не си го напрајме филмо оти е најубо, шо муабет… Овој пат, „Разбуди се“, намести скриена камера и можда партали е снимката, али муабето е јак. А и друго е ко ќе ги видиш реакциите. Затоа одлучивме да ја пуштиме снимката во етер, а подолу во текстот ви го пренесуваме и целиот нивни муабет околу вечната дилема БРАК или МРАК? Лилето и Гичето под скриената камера на „Разбуди се“ – Епизода 2: Шубо е да си мажена!
Го нејќел кромидо така! Сакал подзапржен златеста боја да има!
Лилето: Ако, ако, ако… Така треба да си кажи! Маж е или шо е! Ами шо било то, ај помија дај му само да јади!
Гичето:Не,не,не. Лилето: Ќе му напрајш сè шо треба, ако треба и ноктите ќе му ги сечиш!
Гичето: Мори шо мажи се овие денес, кубени во веѓите, депилирани, поткустрени во тие фармерките…. Маж, ти е мори влакнест, на пот да мириса, да прди, да ж’дрига, да смрди…
Крцни малце! Ејјјј,шубооо е да си мажена, да си чистиш по цел ден.
Лилето:Ко ке ги земиш оние жолтите нараквици, лелееее ко ќе ја отвориш вратата од вецето тааак-таааак, лелеее ко ќе те мани таа реата на доместос, па ко ќе го видиш то жолтото во веце школката, да ти е ќеф да рибаш.
Гичето: Ко ќе му влезам со тушо после…. Мори шо живот имавме порано?
Лилето: Але катастрофа…шо е мори то?
Гичето: На шо личеше?
Лилето: Мори шо е то по масажи да се одело!
Гичето: Останавме по шанкој да пиеме, да трескаме мори, косата ми ја искубаја фризерите, по нокти, масажи….ко ќе ја фатам правосмукалката од сабајле рибам, прам, корни, триј….кај мом јас да седам, ете го тестото скисна.
Лилето:Ако да се стај, да се стај!
Гичето: Штавето го зеде? Лилето: Штавето? Иххх, лелееее да ме нема…. Гичето: Штавето не го зеде…. Гичето:
Лилето: Шо праевме мори ние на времето?
Гичето: Леле, леле, леле.
Лилето: Шо живот е мори на третмани да одиш, лежиш таму само лежиш…глупости! Ќе ги засукаш ракајте, зелниче ќе си напрајш.
Гичето: Такааа. На вежбање, џогинг,дома му влегвам вакаааа….
Лилето: Достааааа! Леле мори, а фудбал ко ќе гледа? Леле лелееееее….така спружен убо.
Гичето: Кралот лав! По, по, по…
Лилето: Знајш она? Абе маж, машки! Со пивото тука пред него, нозете на маса, леле, леле леелеееее. Секси? Ау ау
Гичето: Вака, вака софата дупка да има, пропадната да биди!
Лилето: Убај спомени имавме како сакаш речи леле, лелееее, а ко ќе одевме мори по излети во Феријалното?
Гичето: Ќе ја чапневме 128ката, ќе се надингавме внатре децата, сите, горе гајбите ќе ги врзевме, ко ќе го фатевме Ѓаато да скува тука ламелата, да чади од сите страни.
Лилето: И знајш мори мораше да има тензија? Да ти е ќеф прво три куфери ги паковаш: едното за тебе, едното за детето, за другото дете, за третото дете, за мажо чорапи, гашти…и влегваш в кола и тој ти вика: како мори ги заборај топлинките за детето? Не оти ти требат топлинки за на ливада, ама тука е поентата на бракот! Да има тензија!
Гичето: Да, да!
Лилето: Да има кавга, да биди жустро! Тие не се кавги за без везе, продуктивни!
Гичето: Абе уживам да бидам мажена, фантазијааа… Абе шубо ти било, земи ги, однеси ги децата од сабајле по градинки, по училишта, врати се, оди на работа, после земи го едното на англиски, на математика, на спорт однеси го, па дојди тука, среди се, па едно, па друго, па се вратиле, па се искапиле, се потуриле, па болно, па на доктор трчај, на здраво, на право, на сегде, на вакцини, сегде, сегде ќе поминам…. Лелееее, ко ќе заспијат, па ко ќе легнам на перница, абе не знам со себе шо да прам?
Лилето: Ко нешто ко да ти фали.
Гичето: Кафето не ми се пие сама рајат, да ти кажам право.
Лилето: И ко ќе легниш ко нешто да ти треба навечер, знајш.
Гичето: И ко ќе ми текни дека не ја платив каматата кај мажо!!!!
Лилето: Да ти е ќеф да му речиш ич не ме боли глата!
Гичето: Не,не ,не немам мигрена денес! Не!
Мажот: Љиљо, Гиче! Тури по една ракија ајде!
Лилето и Гичето: Сегаааа!