И малку кафе, малку лаф муабет, оговарајнци за комшите и ете ти ја темата шо две жени нарочито како овие Гичето и Лилето, не можат да ја избегнат: КОЛКУ Е УБО ДА СИ МАЈКА! Гичето и Лилето иначе сите ги знајте. Сигурно ги имате сретнато на улица, си ги имате и чувате по дома, пријателки ви се, жени ви се. А… Голема е веројатноста и самите вие да сте тие! ГИЧЕТО И ЛИЛЕТО! Катерина Петровска и Елена Трпковска Наумовски со нови урнебесни видеа! Доста е од лоши вести и политика! Време е за забава, време е да се насмејме!
Скриената камера на „разбуди се“ му го скивна муабето, па ете, ви го пренесваме во целост: ЕПИЗОДА 1 – КОЛКУ Е УБО ДА СИ МАЈКА!
-Kaжи мори колку е убо да си мајка а?
-Многу ми е убо. Да станам во 3 сабајле, а то вришти дали вришти… А ти ја бараш цуцлата и ко ќе му ја клајш…ТАПА!
-Леле леле ко ќе ми текни мори, вака цели во градите истечени ко шетавме..
-Кислојни…
-Убајна, убајна е да си мајка… Вака да шеташ да ти течи, да ти течи…
-Течи од сите страни
-Чувства се тие чувства!
-Да, да да…
-Тука да боли!
-Така..
-Ами ко ќе почниш мори да му даваш кашички?
-Компир – морков… Компир – морков само!
-Домати..
-Никако! Алерген!
-Во право си… ќе му даваш авокадо, компир батат, перуанска јаготка… Грав? Мори шо било мори то грав?
-Не, не 21ви век грав ќе даваме!
-Ами вегета?
-Аууу никако. Сол до една година никако!
-Авокадо бре. Убајна! Зелено да се испокака! Царска боја зелена!
-Убајна!
-Ах.. Пак ко ќе ја видиш та каката…? Леле мори на мискојна да мириса убајна убајна… Ко ќе го преслекваш… Ох ох
-Мх мх..
-Убајна
-Еве под носот ми е!
-Па млеко ко ќе немаш? Стимулација..Хиии..
-Да се молзиш, да се молзиш..То едно релаксирачко чувства..
-Сите течности да излезат од тебе!
-Оууу Поубо нешто од ЖЕНА ДА СИ ! НЕМА!
-Ами во 4 сабајле… Да метиш со правосмукалката!
-И да се крчка манџиче..
-Со запршка..
-Да мириса..
-Абе домаќинска куќа! Нема поубо!
-Машините да буботтат!
-Ами ко ќе си идиш од на пазар… Количката цела со домати со крастајци, пиперки, сјај, прашаци.. Пинџури внатре… То во кенгуро, корни од плачење! И туркаш дури другото те влечи, те тегни… Плеќи немаш појќе.
-Ама убо е..Убо убо е!
-Ами ко ќе дојди моменто мори! Ко ќе му велиш: Мамичка…Те молам мамичка…Те сфаќам… (Со арно…) За твоето психичко здравје, однесување… Со арно да ти речам… да не падниш ти мамичка во некој депресии, трауми…Те молам, немој, (со тивко, со арно… Психолошки ќе му настапиш…) И то ко ќе ти речи: НЕЈЌАААМ! НЕ МОЖИИИ!
-Леле уф. Убајнии
И шо се деси на крај и како заврши и овај кафе муабет, епа останува да си видите сами!
Ех мамички мамички..
И да. Се гледаме со нови видеа од Гичето и Лилето, на „Разбуди се“!