„Вештачката интелигенција-AI и сѐ е можно.“ Последната песна на Битлси „Сега и тогаш“ ќе биде објавена следната недела.
Легендарната четворка оживува! „Еве го гласот на Џон, кристално чист“. Рече Пол Макартни . Мекартни наведи и дека е возбудливо да се работи уште на музиката на бендот во 2023 година. Возбудливо е набргу да се објави нова песна што е не слушната. Да се оживеат Битлси од страна на вештачката интелигенција“ – објави „Гардијан“. Имено, AI вештачката интелигенција, ја користи истата технологија. Онаа од документарниот филм на Питер Џексон, Get Baack, за подобрување на звукот.
Во тоа време групата го снимила последниот албум Let It Be. Џексон ги изолира инструментите и вокалите за документарецот „Врати се.“
Повеќе од четврт век подоцна, Џексон користел софтвер со помош на вештачка интелигенција за да го обработи оригиналниот звук од снимката на Битлси во 1970 година кога групата го снимила последниот албум Let It Be, за да ги изолира инструментите и вокалите за документарецот Врати се“. Макартни рече дека технологијата на вештачка интелигенција била користена за да се „извлече“ гласот на Џон Ленон од старо демо за да се заврши песната. Битлси повторно се обединија во 1995 година. Ги снимија Леноновите „Free As A Bird“ и „Real Love“, првите нови снимки на групата по 25 години.
Долгоочекуваната и воедно последна песна на Битлси „Сега и тогаш“ со сите четворица членови ќе биде објавена изгледа неделава и се разбира, вештачката интелигенција стои зад оваа магија.
Легендите се враќаат на сцената исто како тогаш со „Сега и тогаш.“