Прашање за милион долари – „ДАЛИ ЧОВЕКОТ ЈА СОЗДАВА ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ИЛИ ТАА НЕ СОЗДАЛА НАС?!“

вештачка интелигенција

Научниците ќе спојуваaт мозочни клетки со вештачка интелигенција!“ Добро или лошо?  Проценете сами!

…И додека се крена паника околу вештачката интелигенција, научникот сеуште создава. Имено, научниците од Универзитетот „Монаш“ во Австралија веќе долго време работат на еден сложен, длабоко сериозен процес. Процес кој не дозволува „време за пауза“ заради тоа што претставува предизвик. Вистина или предизвик, одговорот можеби ќе ни го даде концептот на работа на самиот процес. Насловен е како – „Создавање на човечки  мозочни клетки на силиконски чипови.“  

Вака именуваниот концепт на работа има за цел да го разбере начинот на кој работи мозокот и секако добиеното знаење да се примени во насока на создавање напредни технологии.

интелигенција вештачка

Научниците се обидуваат да ја реплицираат работата на невроните и синапсите на мозокот во вештачка форма. Сепак, многу различни типови на неврони и синапси се вклучени во обработката на информации во мозокот. Проблемот не е само да се реплицираат овие клетки и синапси, туку и да се разбере како точно функционираат и комуницираат помеѓу нив.

Оттука, научниците одат во насока на развивање математички и компјутерски модели кои ја симулираат работата на невроните и синапсите, вклучувајќи ги различните видови на неврони и мрежи; дизајнираат сензори и елементи на чипови кои се инпирирани од биолошките механизми на невроните и синапсите; спојуваат компоненти во комплетен систем кој се обидува да ја симулира работата на невронските мрежи и информационата обработка на мозокот.     

Најпосле, прашањето кое доаѓа како реторичко, е следно: „Дали човекот ја создава вештачката интелигенција или можеби, таа не создала нас?!“

ИЗВОР