Само до пред неколку години цела оваа виртуелна реалност што се повеќе напредува и некако се шири, за сите нас бешен апстракција и нешто кое го гледавме само на филм. Но, сепак дојде моментот кога вештачката интелегенција стана вистинска, а со неа пристигна и стравот за човештвото.
Дали таа ќе не „уништи“?
Експертите, вклучително и шефовите на Open AI и Google Deep mind, предупредуваат дека вештачката интелегенција може да доведе до истребување на човештвото. Ова прашање треба исто толку високо да котира и да се третира како и другите ризици кои се однесуваат на општетсвено ниво, како што се пандемии и нуклеарната војна. се вели во соопштението од изјавата објавена на веб-страницата на Центарот за безбедност на вештачката интелигенција. Сепак, некои тврдат дека стравовите се претерани.
Имено, истата страница предвидува голем број можни сценарија за катастрофи: „Вештачката интелигенција може да се користи како оружје – на пример, алатките за откривање дрога може да се користат за производство на хемиско оружје. Дезинформациите создадени од вештачката интелигенција може да го дестабилизираат општеството и да го поткопаат колективното одлучување.“