Филмот „М“ на Вардан Тозија ќе до своја премиера пред битолската публика

„М“ на Вардан Тозија - Bitola

Во четврток на 12.10.2023 год.со почеток во 20.00 ч. во НУ Центар за култура Битола, на големото платно, публиката ќе има можност да ужива во вториот долгометражен филм на режисерот Вардан Тозија „М“.

На премиерата ќе присуствува дел од екипата на филмот што ќе биде посебно доживување за публиката и љубитеите на филмот.

Вардан Тозија

“М“ е фантастична бајка за осамено, осумгодишно момче Марко, кое е во потрага по љубов низ мрачниот, дистописки свет на нашата блиска иднина. Малиот Марко живее во таа зафрлена шума, под будното око на
таинствениот и претерано заштитнички настроен татко. Не знае ништо подалеку од нивниот изолиран живот. Марко бара утеха во својата скапоцена сликовница, наоѓајќи спокој и одговори меѓу нејзините страници. Еден ден, средбата со едно љубезно, беспомошно момче по име Мико, внесува малку топлина и поврзаност во изолираниот свет на Марко. Како што му расте љубопитноста, Марко копнее да ги открие тајните што се кријат зад границите на дивината. Суров сплет на околности му ја исполнува желбата порано одошто
очекува. Го чека тешко патување, исполнето со непознати опасности и можност да види еден засекогаш променет свет.

Режија: Вардан Тозија

Сценарио: Вардан, Даријан Пејовски

Актерска екипа: Сашко Коцев, Матеј Сиваков, Александар Ничовски, Камка Тоциновски, Бојана Грегориќ-Вејзовиќ, Тони Михаловски, Оливер Митковски, Верица Недеска, Владимир Тулев, Жаклина Петровска, Благој Веселинов, Борис Дамовски, Јасмина Билаловиќ, Михајло Миленковски.

Проекциите на филмот ќе бидат во големата сала:

Проекции во голема сала:

Четвр. 12.10.2023. 20:00

Петок 13.10.2023. 22:00

Сабота 14.10.2023. 20:00

Понед. 16.10.2023. 20:00

Вторник 17.10.2023. 20:00

Среда 18.10.2023. 20:00

Ова ќе биде посебно искуство, а есента е одличен период за кино. За опуштање на црвеното седиште во нашата кино сала и уживање. Филмот ветува многу, а на вас останува да го погледнете. Заборавете на обврските и истото секојдневие…Внесете промена во вашата рутина и секојдневие и бидете му партнер на уметноста.