Се претворивме ли во урбана џунгла, во бетонски затвор, хаос со аверзичен фокус на новокомпонираното „градско“? Гори објектот на Универзална сала. Гори местото каде се одржувале Златно славејче, Скопски фестивал, Златна Бубамара… Горат спомените на скопјани, гори носталгичноста што веројатно не се идентификува како нормална.
Враќајќи се во минатото, историските факти раскажуваат дека по катастрофалниот земјотрес во Скопје во 1963-та година, започнала изградбата на Универзална сала.
Во 1965-та година се изгради објектот кој е изграден со материјална помош од 35 земји од светот, а стана трајно обележје и симбол на обновата на градот Скопје.
Скопјани се ужаснети од оваа слика и носталгично се потсеќаат на деновите од нивното детство, нивната младост… Пожарникарите веќе го локализираа пожарот, но веројатно последиците се големи. Сите спомени во еден голем облак.