Улична мода – Што советуваат французинките за оваа пролет?

улична мода Франција

Стилот на французинките во улична та мода – Елеганција, Минимализам и Безвременост

Французинките се познати по својата умешност да изгледаат стилски и шик. И тоа го постигнуваат без да изгледаат премногу натрупани со непотребни парчиња или преуредени. Францускиот моден стил и во таа улична мода, се фокусира на квалитет и нешто што го истакнува нивниот шарм. Тие се вљубени во „сигурните“ и стилски избори. Ги приспособуваат на различни прилики. Од улица до вечерен настан. Еве што советуваат:

Долго, „молив здолниште“

0ваа 2024 година ќе биде година на здолништето. Врз основа на модните заклучоци од пистата, предвидувањата се дека долгото „молив здолниште“ ќе биде најпопуларно меѓу сите оние кои ги следат трендовите.

Бургундија чанта

Без разлика дали ќе се одлучите за вкрстена чанта  или елегантна чанта со рачка, бургундската боја ќе ја подигне секоја облека на повисок,  моден левел.

Елегантен и ненаметлив животински принт

Французинките го носат овој тренд на суптилен начин. Избираат палта или панталони со овој дезен за да го освежат остатокот од аутфитот. Истиот е во неутрални нијанси.

Качкет

Минимален и елегантен , овој изглед совршено доловува како французинките додаваат шмек на спортски стил во нивните секојдневни комбинации.

Патики во боја

Французинките се исто така заљубени во еден пар од нивните омилени патики како и во остатокот од модниот свет. Патиките во боја се вистински избор од причина што го прават стајлингот атрактивен.