Украсувањето на вашиот дом во стилот на домот од Париз е вистински предизвик. За да бидете чекор поблиску до остварувањето на „француски дом од соништата“, без разлика на кој меридијан од светот живеете, првично обрнете внимание на архитектонските карактеристики: антички камин, паркет дрвени подови, високи тавани и француски прозорци (со висина од подот до плафонот).
Овие карактеристики е тешко да се најдат надвор од Париз, но кога е во прашање „дом од соништата“, би можеле да се создадат. Во суштина, дрвените подови лесно можат да бидат присутни и во вашиот простор на живеење. Вие само додајте карактер и шарм.
Поставете големо барокно огледало како она од Antropologie и избор од Etsy на вашата комода (не го закајчувајте на ѕид). Распостелете перници од кадифе на вашата софа. Постелете барем една столица со кадифе и „одете на беж боја“. На вашата масичка за кафе – поставете сувенир од неодамнешното патување или пак вреден спомен како уметничка слика. И секако, отворена книга за читање.
Страницата на книгата за кратко време ќе биде завртена. И другите страници ќе ги затворат кориците низ следното уживање. Ќе побараат нова, возбудлива, реплика со призвук на OLALA, MAGNIFICENCE! Уживајте во домот во кој сте создале париска атмосфера. И не заборавајте што е автентично за вас.
пишува: Ромина Марковска