Вашиот дом може да зрачи со луксуз и елеганција – Како? Продолжете со читање, ви носиме инспирација. Суптилниот луксуз е наречен тивок луксуз и како таков, тивко, но сигурно се вовлекува во уредувањето на ентериерот.
Вашиот дом може да зрачи со луксуз и елеганција доколку го впиете секој детаљ од екстра префинетиот луксуз. Веруваме дека тоа ќе го направите со воодушевување. Никој не останува рамнодушен. Секој агол носи порака за стил и секој елемент внесува чувство на софистицираност.
Од Bottega Veneta, Miu Miu, The Row, па дури и Balenciaga – модните писти на најголемите брендови во последните сезони сведочеа за доминацијата на естетиката на „quet luxury“. Софија Ричи беше во центарот на вниманието со своите минималистички модни комбинации, серијата Succesion се гледаше со воодушевување. Модните ентузијасти веќе научија како да создадат ниска пунџа и да го комбинираат сивиот oversize сако.
Сега овој тренд се преселува од модната писта во вашите домови, а според бројните иџвори на инспирација, тивкиот луксуз ќе биде составен дел од ентериерот на оние со префинет вкус. Заборавете на шарените ѕидови, екстравагантните детали и прегрнете го минимализмот – природен, елегантен и удобен. Да, луксузот може да се толкува на различни начини – за некои тоа значи врвен квалитет додека за други, раскошни материјали и текстури, но не заборавајте го зборот „тивок“ и неговите правила во светот на модата.
Стилот може да биде различен – од француски, скандинавски до јапонски или дури и медитерански. Наместо популарната уметност, се препорачува vintage мебел и впечатливи парчиња кои одолеваат на времето. Главните простории на оваа естетика се кујната и бањата, каде што елеганцијата и функционалноста одат рака под рака.
Целта е да се зачува автентичноста. Впуштете се во оваа модна игра на уредување на ентериер без да се двоумите. Инспирирајте се од стилски ентериери и започнете со создавање на вашиот план за реновирање или освежување на домот!