И штом зборуваме за дизајнот на ентериерот, доколку планирате нешто да промените, совет плус не е на одмет.
Мала доза на луксуз не само што може да го промени впечатокот во просторот, туку може и да го подигне расположението подеднакво на домаќинот и на гостинот.
Без разлика дали е нешто како – кадифена перница во боја на старо злато или екстра големо парче раскошна ѕидна уметност по ваш вкус… Може да се одлучите и за раскошна чинија, што ќе ја наполните со омиленото овошје. Деталите ќе го направат вашиот простор урбано, стилско и пријатно катче што ќе се почувтсува дека „е допрено од луксуз.“
Ефектот е чувство на моќ, специјалност и самодоверба која всушност извира од сѐ она што не опкружува. Од малите нешта, се раѓаат големи работи.
Уредувањето е уметност, па затоа, дозволете си мала доза на раскош во вашиот дом.