Трендови на кујни за 2023 – Колку е возбудливо вашето кулинарско катче?

кујна 2023

Зелената боја е број еден за дизајнот на кујни за 2023

Зелената боја веќе се наоѓа во скоро секој плакар штом станува збор за моднит аутфит за ова лето. Истото се случува и во поглед на дизајнирањето на ентериерот. Така, бојата што значи живот, одново раѓање и свежина, според светските дизајнери, оваа 2023 година, треба да се најде и во вашите кујни.

Колку е возбудлива вашата кујна?

Целосниот изглед на кујни во 2023 е одраз на личноста на сопственикот на куќата. Колку е возбудлива твојата кујна, во иста мера е возбудлива и твојата креативна природа.

Смелиот контрасен дизајн во зелена боја на плочките, дава разиграна уникатна форма. Формата на триаголник на плочка е особено популарна како и камените плочи што одат по ѕидовите.

Плочки во форма на триаголник во модерни кујни за 2023

Присутен е и дрвениот и земјен акцент на елементите во кујни како на фотографиите подолу.

Ако имате бела кујна во вашиот дом, тогаш ви недостасува возбуда! Потрудете се околу тоа и храната што ја подготвувате во овој  разигран и возбудлив амбиент ќе биде превкусна, а секако и апетитите на вашите најмили ќе бидат задоволени.

Извор