„Трчај бе со Алпско“: Од црвениот килим на „Браќа Манаки“ до улиците на Битола – трчањето како вистински филмски момент
Вчерашната трка „Трчај бе со Алпско“ во Битола се одржа само ден по свеченото отворање на 45 Интернационален фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“. Кампањата за трката беше исполнета со креативност, носејќи го слоганот „Филм ми е да трчам“, кој одлично го поврза спортот со магијата на филмот што го слави фестивалот. Оваа синергија го направи настанот уште повпечатлив и привлечен за сите учесници и фанови.
Со над 1.800 тркачи од 25 земји, натпреварувачите се соочија со трите категории – 5 км, 10 км и полумаратон (21.097 км), кој воедно беше и Национално првенство во полумаратон.
На пет километарската трка, беше и Благојчо Ѓорѓиев кој ја помина трката со својата инвалидска количка и собра најголема поддршка од публиката. Неговата мисија за градови во кои лицата со попреченост ќе можат слободно да се движат без препреки е значајна, а учеството на оваа трка од негова страна е повик за градот Битола да работи повеќе во таа насока.
Во трката на 5 км, доминираа Дарија Крстевска и Григоријан Никовски со извонредни времиња. На 10 км, блеснаа Памела Ени и Георги Гергов, додека во полумаратонот, Леонид Вандевски и Маринела Нинева постигнаа импресивни резултати.
Резултати:
5 км – жени:
Дарија Крстевска – 19:29
Радица Јованова – 20:03
Стефанија Лазарева – 20:05
5 км – мажи:
Григоријан Никовски – 15:18
Бојан Чаприќ – 16:13
Роберто Димитриевски – 16:29
10 км – жени:
Памела Ени – 36:43
Ирма Хајдари – 40:30
Елисавета Димовска – 47:33
10 км – мажи:
Георги Гергов – 33:19
Александар Арсов – 33:44
Миле Иванов – 35:39
Полумаратон (21.097 км) – жени:
Маринела Нинева – 1:15:56
Адријана Поп Арсова – 1:17:11
Миљана Ристиќ – 1:23:57
Полумаратон (21.097 км) – мажи:
Леонид Вандевски – 1:10:44
Жан Тосев – 1:13:34
Атанас Анчевски – 1:15:10
Национално првенство во полумаратон:
Жени:
Адријана Поп Арсова – 1:17:11
Миљана Ристиќ – 1:23:57
Фросина Михајловска – 1:31:32
Мажи:
Леонид Вандевски – 1:10:44
Жан Тосев – 1:13:34
Атанас Анчевски – 1:15:10
Трката „Трчај бе со Алпско“ уште еднаш ја зацврсти својата позиција како водечки спортски настан во земјата, носејќи радост и успех на сите учесници и фанови. Битола живееше во духот на спортот и заедништвото, подготвена да продолжи да ги поврзува трчањето и филмската магија и во иднина.