Во амфитеатарот на Тумбе Кафе, оваа недела одекнаа звуците на традиционалните инструменти од Битолското Поле, на кој настапија младите инструменталисти од Школата за учење традиционални инструменти и јавно ги покажаа своите таленти низ кои прозвучи наследството на нашите предци.
„Овој настан не беше само презентација на стекнатите вештини, туку жив потсетеник на нашите традиции. Тоа беше спој на страст, посветеност и вродена љубов кон нашето богато културно наследство, претставено од новите таленти кои беа во школата во изминатите неколку месеци. Ова музичко патување, низ хармоничните предели на нашето Битолско Поле беше славеничко истражување на нашиот безвременски фолклор и искрена почит кон нашите славни корени„ – истакна
Присутните беа почестени со хармоничните мелодии на традиционалните македонски инструменти, отсвирени од најмалдите. Нив ги придружуваа членовите на Детскиот фолклорен ансамбл на КУД ИЛИНДЕН од Битола, додавајќи динамичен слој на ова музичкото патување, како непрекинат синџир што го поврзува минатото, сегашноста и иднината на македонската култура.
Проектот Изучување на традиционалните инструменти од Битолското Поле, на Здружение на фолклор, песни, игри и обичаи КУД Илинден, Битола се спроведува во рамките на Регионалната програма за локална демократија на Западен Балкан 2 – ReLOaD2 финансирана од ЕУ, кофинансирана од Општина Битола, а ја спроведува Програмата за развој на Обединетите Нации (UNDP)