Под лупата до податоци на нови технолошки откритија, добивме полн погодок од веб – страницита насловена како „We Observed“. Имено, истата секоја година составува листа на врвни пронајдоци на годината. Од оваа возбудлива веб – страница, го издвоивме новиот Displace Wireless TV со цел да ја мултиплицираме изворната информација како новитет.
Топ новиот – ТВ технолошки пронајдок овозможува реализација на нашата пасија. Иновацијата е секогаш и секаде добродојдена и го прави секојдневието попријатно.
Displace Wireless TV е топ технолошки пронајдок. Тој е сосема нов тип на телевизор кој е целосно безжичен и нема потреба од кабел за напојување. Телевизорот работи на четири батерии кои траат до еден месец со едно полнење и можат да се заменат. Квалитетот на Displace – телевизорот содржи 55-инчен 4K OLED дисплеј кој произведува „чисти“ и преубави слики. Содржи уште и вградена платформа за паметна телевизија која дава пристап до омилената услуга за стриминг. Уникатниот систем за „вшмукување“ што го има овој телевизор, овозможува телевизорот да биде прицврстен на било која рамна површина. Тоа би значело дека можете да го наместите каде што сакате и да гледате телевизија од било кој агол и во било која соба од вашиот дом со леснотија во движењето.
Комфорот и уживањето се повеќе од реални.