Видео: Да не се лажиме далеку сме од Кина – Со дронови гаснат пожар

кинезите гаснат пожар со дрон

ВИДЕО: Погледнете како дронови гаснат пожар во Кина

Шански е провинција во Кина. Кај нас ако се речи провинција, одма се мисли на нешто рурално, нешто уназадено, нешто ехеее многу назад. Епа кај кинезите не е баш така. Имено, во Шанкси избувнал пожар, а кинезите веднаш нашле чаре. Зградата била висока, па за да стигнат до местото каде избувнал пожарот, користеле дронови. Како тоа изгледало видете во видеото подолу кое деновиве стана вирален хит на интернет.


„Шаринг патување“ е страницата која ги прослави новите „пожарникари“. Имено страницата е најчесто ориентирана кон патување и репортажи и тоаглавниот фокус е на Кина, а оваа вест беше објавена под насловот:„Противпожарната бригада во Шанкси пробува нови играчки“.

Имено, на видеото се гледаат три беспилотни летала кои лебдат околу запалена повеќекатна зграда и ја полеваат со вода преку црево прикачено на секој од нив.

На социјалните мрежи, со гордост Јан Бремер го сподели видеото. Инаку тој е политиколог и претседател на Групацијата Евроазија.

„Иднината е тука“, напиша Бремер на своите многубројни следбеници. Сепак, некои коментатори беа импресионирани од употребата на ваквата технологијата, но имаше и такви кои коментираа дека тоа е само шоу и дека таквата употреба на дронови нема многу смисла.

„Тежината на цревото во голема мера ќе ја ограничи висината на која може да работи таков дрон. Не изгледа многу корисно“, вели корисникот X (поранешен на Twitter).

Но, според нас ова е чекор плус кон создавање на нови дронови кои ќе успеат да ја искрепат тежината на цревото. Но, од друга страна, тоа значи дека пожарникарите веројатно ќе немаат работа. А тоа не е баш позитивно. Кинези…полабаво малку со идеите!