Ете и тоа доаѓа. Првото патување со електричен авион
Воздухопловна револуција! Мултимилионерот и еко-тајкун Дејл Винс ја лансираше Eкоџет-„првата електрична авиокомпанија во светот“. Патување со авион со нулта емисија на штетни гасови може да стане возможно од 2025 година. Имено, како што пренесува Дејли Мејл (британски дневен таблоид на среден пазар), мултимилионерот и еко – тајкун, Дејл Винс ја лансираше Екоџет, компанија што ја опишува како „првата електрична авиокомпанија во светот.“
Eкоџет ќе има чартер летови меѓу Саутемптон и Единбург со авиони кои се опремени со водород-електрични мотори. Патниците ќе ја имаат таа можност да бидат послужени со оброци од растително потекло од љубезниот персонал во еколошки униформи. Летовите ќе продолжат до континентална Европа со крајна цел -патување на долги релации до САД и Азија.
Откако ќе се догради, авионот ќе работи со истата излезна моќност како порано, но ќе има сто процентуално намалување на CO2 и другите емисии. Одлуката која вели да се пренаменат старите авиони наместо да се градат нови модели од нула, ќе заштеди 90 000 тони јаглерод годишно.
Што се однесува до цената, Дејл изјави:
„Ќе се совпаднеме со цените со постоечките летови за сите да можат да си дозволат.“
Ни останува да се надеваме дека ваквата можност и задоволство ќе бидат наше ново „летачко искуство“. Епа, да почекаме, 2025 и не е така далеку. Нели?!