BMW i8 М – Текст резервиран за машката публика!

BMW i8 М

Запознајте го BMW i8 М – Резервирано за машката публика!

За ентузијастите и уживателите на спортски автомобили! Mотор, моќност, перформанси! BMW i8 М стартува во 2024 како нов спортски автомобил од брендот BMW – (вреди да нагласиме). „Bauerushe Motoren Werke AG“-  германски мултинационален производител на луксузни возила и мотоцикли со седиште во Минхен, Баварија, Германија.

Импресивен и луксузен надворешен и внатрешен стил

BMW i8 M има импресивен и луксузен надворешен и внатрешен стил, сосема различен од претходната генерација на BMW i8 и доаѓа со три електрични мотори и 1,5-литарски четирицилиндричен мотор со турбополнач кој би генерирал комбинирана моќност од 591 КС. И пристигнува со погон на сите тркала. Електричен мотор и бензински мотор ќе ги врти задните тркала. А другите два електромотори ќе го вртат предното тркало. Ваквата комбинација го прави овој автомобил-спортски, со погон на сите тркала.

BMW i8 М avtomobil za 2024

1,5 Литарскиот мотор се однесува на обемот на цилиндарот, што претставува важен параметар за одредување на големината на моторот и неговата производствена способност. Twin Power Turbo технологијата се однесува на тоа што моторот користи две турбини. Twin scroll го разделува цилиндарскиот блок на два делови – scrolls од кои секој дел работи со одделена турбина.

Оваа технологија се произведува и развива во BMW и овозможува подобра контрола на притисокот и ефикасност на полнењето на цилиндрите со воздух, што резултира со супер – перформанси.

BMW може да постигне 0-62 mph (околу 100 километри на час) за само 3 секунди. Ваквото време на забрзување е показател за одличните перформанси на автомобилот и означува колку брзо и ефикасно автомобилот може да го промени својот статус од стоечка позиција во супер, брзо движење. Уживајте во новата љубов! Ок, уживајте барем во фотографијата и „исплакнете“ очи!

Извор