TikТok како патформа е во план да објави нова апликација за споделување фотографии. Истата е слична на социјалната мрежа Instagram. Новиот производ ќе се именува како TikTok Notes, пренесува порталот TechCrunch. Веќе е испратено известување до некои корисници на платформата.
Во соопштението се вели дека компанијата наскоро стартува нова апликација за објави со фотографии и дека постоечките објави на корисниците ќе ги дели во апликацијата Tiktok Notes. Корисниците ќе можат да изберат и да не ги споделуваат своите објави со фотографии во новата апликација.
Tiktok, исто така, експериментира и со други формати како што се видеоснимки од 30 минути, па и со текстуални објави кои се вообичаени за платформите X или Threads.