Најновата студија за „нај тренд“ кујна, дава анализа на проценка на околу 83 000 ресторани низ светот во педесет најпопуларни градови.
Најбарана и најсакана кујна е италијанската. Пицата е број еден избор. Убедливо победи во однос на врвните глобални избори на храна, со над 60 милиони ознаки на Инстаграм во 2023та година. Вториот и не, изненадувачки избор се шпагети и рижото.
Веднаш до италијанската е јапонската, предводена од порастот на популарното-суши.
Во САД , приходите на суши- рестораните се зголемени за 24%, последните години. Суши добива и форма на суши-крофна, суши -бурито, суши- сложена ролна. Топа е водечки тренд на храна во суши- супермаркетите, според Џош Ониши , претседател на најголемата американска компанија за суши -„Peace Dining Corporation“.
Ониши ќе забележи: „Помина времето на скробниот ориз ; „клиентите уживаат и бараат квалитетно суши и иновативни опции…“
Меѓународниот информативен совет за храна – IFIC, го става фокусот на глобалното здравје и одржливост. Во иднина очекува свежите состојки од растително потекло да бидат на врвот на листата во светската кујна.
„Разбуди се “ додава: „Кога би дошле во некој од градовите низ Македонија и би ја вкусиле нашата кујна и само кога би „сркнале од гравчето во котле со суви пиперки“, е па тогаш ќе видеме која кујна е кујна број еден на планетарно ниво!