„The Human Voice“ – Претстава што на драматичен начин го разгледува современиот проблем на пасивноста и недејствувањето

The Human Voice

Во свет каде што светлата на дигиталните екрани ги заменуваат оние на театарските сцени, а апатијата станува новата норма. Нашето секојдневие наликува на претстава во која повеќето сме само гледачи. Ова е токму инспирацијата за новата театарска продукција „The Human Voice“ во режија на Јован Ристовски. Истата на драматичен начин го разгледува современиот проблем на пасивноста и недејствувањето. 

Поаѓајќи од мислата дека РЕВОЛУЦИЈАТА Е МРТВА, претставата ги спојува темите на уништеното образование. На лошото здравство, борбата за успех и деградацијата на вредностите. На сцената, актерите оживуваат слики од секојдневието: училници каде што знаењето е заменето со празни зборови, болници каде што здравјето станува привилегија… Млади уметници кои сонуваат, но чиј глас се дави во лавината на рамнодушност. Публиката станува сведок на трагични, но реални приказни – животни битки каде што главниот непријател не е сиромаштијата или болеста, туку општествената инерција. 

Клучната порака на претставата е јасна: гледањето без преземање акција е исто како тивко одобрување на неправдата. Таа поттикнува длабока интроспекција, повикувајќи ги гледачите да престанат да бидат пасивни и да преземат улога на учесници, на творци на промените. Уметноста е, на крајот, огледало на општеството – и оваа претстава го рефлектира токму тоа. 

Со комбинирање на моќната симболика, силните монолози и интерактивни сцени кои го рушат четвртиот ѕид, „The Human Voice“се обидува да предизвика катарза кај публиката. Таа е повик за будење – повик да се вратиме на сцената на животот не како пасивни гледачи, туку како активни актери.

Премиерата на претставата ќе се одржи на 20 ноември во НУ Центар за Култура Битола и истата е веќе распродадена! Следни изведби најавуваме во декември.

„The Human Voice“ е од група автори

Режија: Јован Ристовски

Играат: Катерина Аневска Дранговска
Валентин Дамчевски

Дизајн на плакат: Валентин Дамчевски

Проектот е поддржан од Министерство за култура на Р.С. Македонија.