Темниот Дрворед во Северна Ирска: Инспирација за „Game of trones“, а сега позната туристичка атракција

Темниот Дрворед во Северна Ирска привлекува луѓе со својата неверојатна убавина. Ова е место кое изгледа како да е извлечено од бајка.

темниот дрворед во северна ирска која магија човече

Во срцето на преубавата Северна Ирска, Темниот Дрворед, привлекува туристи од сите краеви на светот. Оваа фасцинантна авенија, украсена со стебла на букви, е засадена уште во 18-тиот век од семејството Стјуарт. Стана симбол на мистиката и природната убавина. Но, тоа не сè! Оваа единствена локација е и познато место за снимање на серијата „Игра на тронови.“

Темниот Дрворед: местото на емоциите

Ова не е само природен феномен. Ова е совршено место за опуштање и уживање во свежиот воздух. Шетајќи по закривените гранко, можете да се восхитувате на нивната уникатна структура и шаренило на бои во текот на различните годишни времиња.

Од пролет до зима

Пролетта донесува цветови, летото, зелена раскош, додека есента го бои дрвото во нијанси на црвена и златна. И дома тоа го имате но, Темниот Дрворед ги донесува годишните времиња, посебно. Овој доживувачки спектакл на природата е една од причините зошто туристите постојано се враќаат.

Пригоди за авантуристи

Но, Темниот Дрворед не е единствена атракција во околината. Близу е и Карик-а-Рид, најпознатиот жичен мост кој ја поврзува обалата со мало островче и нуди спектакуларен поглед на океанот.

За љубителите на природните чуда , не смее да се пропушти ни Џијантс Косвеј(Гигантовиот крај) – геолошко чудо со околу 40 000 базалтни колони. Тоа се природни шестоаголни столбови кои се формирале при брзо ладење на вулканска лава. Косвеј е под заштита на УНЕСКО и нуди идеални услови за шетање и истражување. Создава импресивен пејсаж.

Додаток на искачување – Култура и гастрономија

За оние кои сакаат да се запознаат со локалната култура, Кушендун нуди шармантни кафулиња и традиционални ирски пабови. Овде, ниту еден патник не ја пропуштил можноста да проба домашно пиво или виски и да се опушти со жива ирска музика која е постојан придружник на вечерите во пабовите.

И ете така, оваа пишана верзија за мистиката и и убавината на Темниот Дрворед во Ирска и сè што го опкружува…е оставена на вашата имагинација и сетила, за да ја доживеет на свој начин под неговите величествени гранки.