Позната по темната историја и сурова средина, оваа плажа се наиде на листата на најубави во светот за 2023 година, пишува Index.hr. Имено таа е на четврто место како дел од годишните награди Traveler’s Choice, Tripadvisor.
Станува збор плажата Рејнисфјара во Вик, Исланд. Како најубава во Европа, оваа туристичка атракција е опкружена со високи карпи, а нешто што е автентично за неа, е всушност црниот песок создаден од лавата која се излева од океанот. На овие простори има силни морски струи што произведуваат бранови во висина и до 40 метри.
Но, она што ја прави оваа приказна мистериозна, е нејзината историја. Препорачливо е Рејнисфјара да се гледа од далеку, затоа што нејзината историја има мрачна судбина. Имено, мнoгу туристи го имале загубено својот живот на оваа плажа обидувајќи се да направат фотографии кои ќе ја доловат нејзината совршеност. Во мигот кога се приближувате до неа, голема е веројатноста да бидете однесени на карпите од брановите. Oваа убавица е измиена од брановите на Атлантикот кои „патуваат“ од непредвидливи интервали. Поради овие причини, на туристите им се препорачува да ѝ се восхитуваат подалеку од брегот. Имено токму на ова место се снимаше големата хит серија Game of Thrones, па нејзините фанови изгледа веднаш ќе ја препознаат.